Фото: Министерство за одбрана на Русија

Руските власти, го уапсиле генералот Сергеј Суровикин, заменик командант на руските воени операции во Украина, како дел од најавената чистка на воените службеници по краткотрајниот бунт на платеничките сили на „Вагнер“, според извори цитирани од весникот „Москва тајмс“.

Суровикин, е наречен „Генерал Армагедон“ од руските медиуми, поради неговата наводна немилосрдност. Тој е ветеран од руските војни во Чеченија и Сирија, кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Цитирајќи извори блиски до руското Министерство за одбрана, онлајн весникот на руски јазик „Москва тајмс“ објави дека Суровикин бил уапсен, затоа што „застанал на страната на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин за време на бунтот“.

Рускиот воен блогер Владимир Романов, исто така, известил за апсењето на Суровикин според „Москва тајмс“, додека пак според вашингтонскиот Институт за проучување на војната (ISW) тврди дека воените „соработници“ на Суровикин биле „обвинети за соучесништво во бунт“.

Руското Министерство за одбрана се уште не ги коментираше извештаите за приведувањето на Суровикин, пишува весникот.

Институт за проучување на војната во средата објави дека релевантна руска воена страница за блогови, објавила дека во тек е „чистка од големи размери“ на руската воена команда по обидот на силите на „Вагнер“ да влезат во Москва и да ги уапсат највисоките воени лидери на земјата.