Lavrov - Choe Son Hui
Фото: ЕПА

По септемвриската средба меѓу рускиот и севернокорејскиот лидер Владимир Путин и Ким Џонг Ун, односите меѓу двете земји се искачија на квалитативно ново, стратешко ниво – изјави во Пјонгјанг рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Танјуг.

– По значајниот самит на рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на космодромот Восточни на 13 септември, можеме со сигурност да кажеме дека овие односи достигнаа квалитетно, стратешко ниво – рече Лавров на почетокот на својот разговори со севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи – пренесе „ТАСС“.

Рускиот министер, кој е во посета на Пјонгјанг, потсети дека пред 75 години тогашниот Советски Сојуз, како што наведе, прв ја признал младата корејска држава по нејзиното ослободување од колонијалната доминација на Јапонија, а потоа и помогнал на Северна Кореја да ја развие својата националната економија, науката, културата и образованието.

– Секогаш ќе се сеќаваме на непроценливиот придонес во развојот на нашите односи на другарот Ким Ил Сунг, а подоцна и на другарот Ким Јонг Ил – нагласи Лавров.

Севернокорејската министерка истакна дека „честите средби на министрите за надворешни работи на двете земји, кои помагаат за зајакнување на пријателските врски, служат како доказ дека билатералните односи меѓу Северна Кореја и Русија, кои имаат долга историја на пријателство, се развиваат во динамичен, силен начин“.

Таа изјави дека нејзините разговори со нејзиниот руски колега „ќе станат важна фаза во однос на спроведувањето на договорот“ што Ким и Путин го постигнаа во септември, oбјави „ТАСС“.