Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека Израел ќе размисли за „тактички прекини на нападите“ во Газа за да се дозволи влез на хуманитарна помош и ослободување на заложниците што ги држеше Хамас, пренесе „Ројтерс“.

Во интервју за „ABC“, Нетанјаху ја отфрли можноста за прекин на огнот без ослободување на сите заложници однесени од Хамас во Газа.

– Што се однесува до тактички мали паузи – еден час овде, еден час таму – ги имавме и претходно. Претпоставувам дека ќе ги провериме околностите, да дозволиме хуманитарна помош да влезе или нашите заложници, поединечно, да ја напуштат Газа – рече Нетанјаху.

На прашањето кој треба да управува со Газа по војната, тој одговара:

– Мислам дека Израел ќе има целосна одговорност за безбедноста на неодредено време, бидејќи видовме што се случува кога ние не го правиме тоа – рече Нетанјаху.