Сергеј Лавров/Фото: Архива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија ќе биде сериозен чекор кон неприфатлива ескалација“, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Руската државна новинска агенција „РИА Новости“ го цитираше Лавров дека се надева дека разумните луѓе на Запад ќе разберат, додавајќи: „Таму останаа уште неколку“.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Амдминистрацијата има намера да го направи тоа со испраќање напредни ракетни системи со долг дострел, кои сега се главно барање на украинските власти, изјавија неколку неименувани официјални лица. Се размислува да се испрати системот како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина, кој би можел да биде откриен следната недела, објави Си-eн-eн.

Високи украински функционери, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, побараа од САД и нивните сојузници во последниве недели да им обезбедат повеќекратен ракетен систем.

Вооружените системи произведени во САД можат да истрелаат проектили стотици километри подалеку, многу подалеку од кој било систем што веќе го има Украина, што Украинците велат дека може да ја промени играта во нивната војна против Русија.