Хамас и палестинскиот исламски џихад во заедничката изјава соопштија дека до посредниците доставиле одговор на предлогот за прекин на огнот.
Катарските и египетските посредници вчера рекоа дека „ќе размислат за одговор“ откако Хамас објави дека „позитивно ќе се справи“ со планот.
Хамас и палестинскиот исламски џихад предложија одредени амандмани како одговор на понудата на САД за постигнување договор за примирје и ослободување на заложниците, рекоа посредниците.
Осама Хамдан, висок функционер на Хамас, во изјава за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“ рече дека групата „исто така презентирала одредени забелешки на предлогот доставен до посредниците“, без да прецизира дополнителни детали.
– Одговорот на Хамас ја потврди позицијата на групата дека секој договор мора да стави крај на ционистичката агресија против нашиот народ, да ги повлече израелските сили, да ја реконструира Газа и да постигне сериозен договор за размена на затвореници – изјави претставник на Хамас за „Ројтерс“.
Министерствата за надворешни работи на Катар и Египет во заедничко соопштение рекоа дека размислуваат за одговор и дека ќе продолжат со напорите за посредување заедно со САД „до постигнување договор за прекин на огнот“ во Газа.