Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје.
Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде што симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од околу 80 отсто.
-Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори – рече Зоран Антовски од КСС.
Фото: Маја Јаневска-Илиева