Фото: принтскрин/твитер

Стотина демонстранти синоќа упаднаа во една од зградите на американскиот Капитол Хил во Вашингтон, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа. Една од групите беше предводена од американски Евреи, кои носеа транспарент „Евреите велат – прекинете го огнот сега“.

Демонстрантите носеа традиционална еврејска облека, а дел од нив носеа маици со натпис „Не во наше име“.

– Тука сме за да кажеме ‘не во наше име’. Ние сме овде како Евреи – многу потомци на преживеаните од геноцидот – за да спречиме да се случува геноцид сега – рече еден од демонстрантите.

– Евреите велат – итен прекин на огнот“, „Оплачете ги мртвите и жестоко борете се за живите“, „Не во наше име“ – гласеа дел од транспарентите на демонстрантите кои упаднаа во една од зградите на Капитол.

Протестот го организираше групата „Еврејски глас за мир“, која на своите социјални мрежи напиша дека „бара да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ, кој е потпомогнат и поттикнат од американската влада“.

Упадот во зградата на Капитол Хил следуваше откако стотици демонстранти, вклучително и американски Евреи и оние кои се загрижени за Палестинците се собраа во Националниот трговски центар за да повикаат на мир.

Американската полиција почна да ги апси демонстрантите со образложение дека не се дозволени демонстрации во зградите на Конгресот. Засега не е јасно колку лица се уапсени.