Фото: Маја Јаневска-Илиева

Качување по јаже, прескокнување преку дрвен ѕид, носење вреќи наполнети со песок, ползење по кал, фрлање копје, совладување стрмен терен беа само дел пречките кои денеска ги совладаа околу 200 учесници на трката на „ОЦР Скопје“.

Трката се одржа на терените на парк-шумата Гази Баба, а поддржувач е првата приватна општа болница „Ре-медика“.

Ова според организаторите „ОЦР Скопје“ беше вистинска можност за оние кои сакаат да ја разбијат монотонијата на трчањето и да ги проверат силата и потенцијалот на своето тело.

-Вкупно совладаа над 30 препреки, ползење, прескокнување ѕидови, качување по јаже, фрлање копје и многу други. Сите пречки се совладливи, но потребни се сила и техника. Пречките се невидливи за учесниците до самиот почеток. ОЦР-трките немаат навика да откриваат многу детали за самата патека и за пречките во неа, поради тоа што се смета дека непознатото ја обликува авантурата – посочуваат оттаму.

Учесниците се натпреваруваа индивидуално или тимски, а за пласман се земаа времињата од три најдобри времиња за мажи во тимот и едно време за жени.

Победниците добија парични награди и ваучери од првата приватна општа болница „Ре-медика“.

Пласман жени:
3-то место Моника Стрезовска
2-ро место Фросина Михајловска
1-во место Душица Јанковиќ

Пласман мажи:
3-то место Дејан Тодевски
2-ро Место Никола Павлов
1-во Место Никола Илиевски

Пласман по тимови:
3-то Место: „Маседониа ОЦР“
2-ро Место: „Делта Теам“
1-во Место: 3ТС

Натпреварувачите ги бодреа голем број гледачи.

Ова е втора ваква трка по ред кај нас, по „Леуново ОЦР“ – трка со совладување пречки во планинска средина во селото Леуново, Мавровско.

Според организаторите, најтешкиот аспект за организација на една ваква трка се финансиските средства, кои тешко се собираат по пат на неуморна потрага по спонзори и поддржувачи.

-Се надеваме дека овој спорт ќе го види светлото во иднина и ќе наиде на соодветна поддршка, а со тоа ќе стане добро етаблиран во друштвото спортови – додаваат организаторите, кои изразија благодарност до „Ре-медика“ за поддршката.

Од „ОЦР Скопје“ во иднина најуваат повеќе вакви настани.

Фото: Маја Јаневска-Илиева