Согласно статутарните овластувања, претседателот на СДСМ, Зоран Заев назначи нови 40 претседатели на Општински организации на партијата.
Од владејачката партија велат дека процесот на промени во СДСМ се заокружува во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот. СДСМ најави дека во наредните неколку дена ќе бидат именувани и претседателите на уште неколку општински организации кои преостануваат да бидат избрани.
Новоименувани претседатели на Општински организации се: Марко Ѓоргиоски – ОО Гази Баба, Златко Ќурчиевски – ОО Битола, Јане Трајков -ОО Неготино, Борче Минов – ОО Босилово, Драгољуб Филиповски – ОО Гостивар, Габриела Ристовска – ОО Кичево, Влатко Андоновски – ОО Македонска Каменица, Синиша Радески – ОО Македонски Брод, Симе Шурбевски – ОО Могила, Стево Крстевски – ОО Велес. Горан Крстев – ОО Чешиново – Облешево, Петар Зајков – ОО Валандово, Новица Ангелов – ОО Дојран, Донче Бибановски – ОО Илинден, Иван Стојоски – ОО Новаци, Лазар Петров – ОО Демир Капија, Борче Стојменов – ОО Карбинци, Драган Анастасо – Пробиштип, Сашо јанкоски – ОО Вевчани, Благојче Стојчески – ОО Дебарца, Музафер Рамески – ОО Пласница, Ќани Сеадиновски – ОО Центар Жупа, Миле Талески – ОО Прилеп, Васил Коцев – ОО Василево, Марјан Даскаловски – ОО Струмица, Никола Поповски – ОО Демир Хисар, Антонио Симоноски – ОО Кривогаштани, Владимир Видимче – ОО Гевгелија, Војче Исаковски – ОО Врапчиште, Горан Тодоров – ОО Кавадарци, Дарко Блажевски – ОО Јегуновце, Самир Ајдини – ОО Маврово Ростуша, Бобан Цветановски – ОО Старо Нагоричане, Сашо Стојановски – ОО Сопиште, Драган Ацевски – ОО Сарај, Борче Божиновски – ОО Чаир, Ѓоко Котевски – ОО Бутел, Елизабета Зелениковска – ОО Петровец, Љупчо Тошевски – ОО Зелениково и Ванчо Митев – ОО Зрновци.
Од СДСМ преку соопштение нагласуваат дека станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.
– Новите општински раководства ќе бидат значаен дел од новиот начин на дејствување на СДСМ и ќе имаат за цел активно да работат на остварување на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните – потенцираат од СДСМ.