Брифинг на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

Со овие пари може да се направат 100 основни училишта, 100 средни училишта, 100 градинки, три најмодерни технолошки паркови, да се донесат водовод и канализација до сите населени места во државата, да се асфалтираат 1.000 километри локални и регионални патишта итн.

Вкупната вредност на сите финансиски побарувања што странски фирми ги имаат кон Македонија по основа на поведени арбитражни постапки против нашата држава изнесува 1.365.000 евра. Со овие пари може да се направат 100 основни училишта, 100 средни училишта, 100 градинки, три најмодерни технолошки паркови, да се донесат водовод и канализација до сите населени места во државата, да се асфалтираат 1.000 километри локални и регионални патишта итн. Ова, меѓу другото, го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на вчерашниот брифинг за медиумите, на кој даде резиме на сите досегашни арбитражни постапки што се водат против Македонија, почнувајќи од 2017 година досега.

Тој нагласи дека досега државата била тужена по различни основи, при што како најчести основи се користат одредени прекршувања во билатералните договори со инвеститорите или, пак, одредби што се однесуваат на трговското право. Од вкупно седум арбитражни постапки, две се решени во целост во полза на Македонија и тоа се споровите со фирмите „Кунико“ од Холандија и „Бинани“ од Индија. Во процедура на одлучување се уште пет активни случаи, меѓу кои арбитражата за ОКТА, за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и одредени случаи поврзани со рудниците „Саса“, „Казандол“ итн.

– Добиениот спор пред меѓународните судови го истакнува значењето на владеењето на правото и дава позитивен сигнал пред инвеститорите. Како политичари сметам дека треба да ги штитиме интересите на државата и граѓаните и ова е еден од начините – нагласи Битиќи, кој најави формирање на уште едно тело за рана превенција и медијација на спорови.
А.Д.