Највисок износ на финансиски обврски од 4,243 милијарди денари (околу 69 милиони евра) пријавиле АД „МЖ транспорт“. На второ место со достасани а неплатени финансиски обврски, во износ од 1,807 милијарда денари (30 милиони евра), е ЈП „МЖ инфраструктура“. Новоформираното државно претпријатие АД „Номагас“ има долг од 1,641 милијарда денари (26 милиони евра), потоа следува „ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија“ со 1,383 милијарда денари (22 милиони евра). Јавните здравствени установи Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар должат 1,191 милијарда денари (19 милиони евра)
Министерството за финансии го објави извештајот за финансиски обврски на државните фирми и јавните претпријатија
Во првиот квартал од оваа година достасаните и неисплатени обврски на државните институции достигнаа 441 милион евра, а во однос на претходниот квартален период државните долгови се повисоки за 22,7 милиони евра. Меѓу најголемите десет должници, според извештајот за пријавени обврски по субјекти објавен од Министерството за финансии, се државните железнички компании, новоформираната компанија за транспорт на природен гас, компанијата за снабдување со топлинска енергија, универзитетските клиники и општинските болници, колекторски системи и Општина Тетово. Од вкупниот должнички износ, 173 милиони евра се однесуваат на државни фирми и ЈП со највисоки долгови. Меѓу 1.297 субјекти што доставиле извештаи за достасани а неисплатени обврски се правни субјекти од здравството, судството, државните јавни претпријатија, училиштата, општини, комунални претпријатија и спортски клубови…
Највисок износ од 4,243 милијарди денари (околу 69 милиони евра) пријавиле АД „МЖ транспорт“, на второ место со достасани а неплатени обврски во износ од 1,807 милијарда денари (30 милиони евра) е ЈП „МЖ инфраструктура“. Новоформираното државно претпријатие АД „Номагас“ има долг од 1,641 милијарда денари (26 милиони евра), потоа следува „ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија“ со 1,383 милијарда денари (22 милиони евра). Јавните здравствени установи Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар должат 1,191 милијарда денари (19 милиони евра).
Општата болница во Кичево е должна 1,1018 милијарда денари (16,5 милиони евра). „Најзадолжена“ општина е Тетово, со 874 милиони денари (14 милиони евра), достасан и неисплатен долг, Колекторскиот систем Тетово должи 574 милиони денари (9,3 милиони евра), Универзитетските клиника за радиотерапија и онкологија должи 537 милиони денари (8,7 милиони евра) и „Водовод Куманово“ должи 529 милиони денари (8,6 милиони денари).
Според видот на државните субјекти, за три месеци долговите се зголемени во здравството и на крајот од март тие достигнаа 91,3 милион евра, значајно се зголемени и достасаните обврски на буџетски корисници од образование, социјална заштита, институции за култура и тие изнесуваат речиси 4,4 милион евра. Државните институции, агенции, болници, училишта, културни установи, судство најмногу должат за комунални услуги, греење и транспорт, обврски што надминаа 78,6 милион евра. М.Ј.