Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на „Алказар енерџи“ за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност.
– Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард – објави Владата на својот фејсбук-профил.
Во Скопје во тек е настан на кој што ќе бидат објавени детали во врска со оваа инвестиција, на која ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Даниел Калдерон, коосновач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“.