Фото: Игор Бансколиев / Архива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6 отсто во однос на одлуката од 17 март 2023 година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 проценти, кај дизелот 1,152 проценти, кај екстра-лесното масло 1,318 отсто и кај мазутот има намалување од 2,66 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 проценти – информираат од РКЕ.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,5 денари за литар, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,5 денари за литар.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,13 денари за килограм.

Од 21 март 2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,5 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,13 (денари/килограм)