Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86 % во однос на одлуката од 2.5.2023 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,455 денар/кг и сега ќе изнесува 39,620 денари/кг.

Од 6.5.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 78,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС“ – 98 80,00 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел (Д-Е V)“ – 67,00 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 66,00 (денари/литар)

– „мазут М-1 НС“ – 39,620 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,905 %, кај дизелот 5,550 %, кај екстра-лесното масло 5,333 % и кај мазутот намалувањето е 4,615 %.