Фото: МИА

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска информираше дека одобрила 55 милиони евра заем за Македонија за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во земјата.

– Ние сме среќни што ќе ја поддржиме модернизацијата на системот за управување со отпад на С.Македонија со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизирање на системите за управување со отпад и зголемување на стапките на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, за креирање можности во циркуларната економија и за движење на земјата поблизу до еколошките стандарди на Европската Унија – изјави Сузан Герансон, директорка на ЕБОР за инфраструктура.

Според соопштението, проектот вклучува и помош финансирана од донатори, вклучително и 24 милиони евра инвестициски грантови и 13.1 милиони евра техничка помош.