Фото: Игор Бансколиев

До овој момент разговаравме со угостителите и компаниите од туристичката дејност, и тие мислат дека не треба да се направат никакви измени во периодот кој следува, вели министерот за економија Крешник Бектеши за неработната недела која беше најавена од Владата.

– Во моментот сме при крај со анализата, ќе отвориме дискусија, а секако дека и овој меморандум за соработка ќе придонесе бизнис заедницата да даде свој придонес – рече Бектеши.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија рече дека во петокот имале состанок во Владата со заменик премиерот за економски прашања Битиќи и министерката Шахпаска.

Тој вели дека е разговарано дел од бизнисите кои оперираат за викенди да можат да си ја вршат дејноста, но да се запази вработените да имаат еден ден одмор во неделата.

Бектеши и Хоџа денска го питшишаа Меморандумот за соработка меѓу министерството за економија и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Стопанската комора располага со многу анализи кои доаѓаат од страна на бизнисот и малите микро претпријатија. Тие ќе ни користат за политиките кои ќе се креираат да бидат во таа насока каде што на рационален начин ќе се користат средствата“, рече Бектеши.