За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата, биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Со 2,2 милиони евра, според износот на склучени договори води Министерството за внатрешни работи, на кое, како што покажуаат наодите од истражувањето, му отпаѓа една третина од вредноста на овие договори.

– 43 % од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот.
-За 68% од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.
-На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.
-Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.
-Дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите, се наведува во истражувањето на ЦГК.