Со новата промоција љубителите на спортот сега имаат одлична можност по промотивна претплата да активираат некој од пакетите со супер брз оптички интернет како и интерактивната телевизија – nеоTV во која покрај бројните ТВ-содржини ги нуди сите спортски канали достапни на македонскиот пазар.

Од неодамна „НЕОТЕЛ” го воведе спортскиот пакет Арена Спорт преку кој кориснциите ќе може да ги следат напрестижните спортски настани во кристално чиста HD слика. Покрај воведувањето на новите спортски канали, корисниците продожуваат да ги следат содржините на Спорт Клуб како и Евроспорт каналите, истотака во HD слика.

Дополнителниот пакет Арена Спорт, кој сега може да се активира по промотивна цена од 120 денари им овозможува на корисниците да ги следат натпреварите од УЕФА Лигата на шампионите, УЕФА Лига Европа, националните првенства на Франција, Португалија, италијанското Калчо, кошаркарските натпревари од НБА и АБА лигата, натпреварите од ЕХФ Лигата на шампионите, како и бројни други спортски содржини.

Со напредната интерактивна телевизија neoTV , корисниците можат да ги користат сите бенефити како снимање, паузирање и премотување на најдобрите моменти. Покрај можноста за следење на сите спортски настани на neoTV, корисниците можат да ги следат содржините и на своите смарт-уреди (таблет или смартфон) без дополнителна претплата.

Повеќе детали проверете на neotel.mk.