Фото: Пиксабеј

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 ќе се состанат денеска и утре во Париз, а американскиот државен секретар Марко Рубио го потврди своето учество на самитот, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

На дводневниот самит ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, Ед Милибанд од Велика Британија, Анита Ананд од Канада, Жан-Ноел Баро од Франција, Антонио Тајани од Италија и Тошимацу Мотеги од Јапонија, објави „Фигаро“.

Средбата ќе се одржи на Кеј д’Орсеј, седиштето на француското Министерство за надворешни работи, во престижниот Салон де л’Орлож, кој служел како место за потпишување на бројни меѓународни договори.

На дводневниот состанок ќе учествуваат претставници на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Франција објави дека разговорите нема да завршат со заедничка изјава, додека разликите меѓу членовите би можеле да го отежнат постигнувањето договор.

Фокусот на разговорите ќе биде и ситуацијата во Украина. Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, треба да се сретнат со украински и руски претставници во Абу Даби оваа недела. Состанокот на Г7 се одржува по состанокот на министрите од Г20 во Атланта, кој заврши без значајни договори. Франција, исто така, ги покани претставниците на Бразил, Египет, Саудиска Арабија и Украина на дел од разговорите.