Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 9 степени, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, додека максималната ќе достигне 14 степени.
До недела се очекува стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот, утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а во одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
На почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

































