ФУДБАЛ

  • Македонија ќе игра со Шкотска во Глазгов на 13 ноември и со Словенија во Скопје три дена подоцна. По четири кола во групата 1 од лигата Б, Швајцарија е лидер на табелата, со што ги обезбеди првото место и пласманот во лигата А за следната сезона. Второто место носи плејоф за пласман во лигата А, третото опстанок во лигата Б, а четвртото плејоф за опстанок во лигата Б

Селекторот Гоце Седлоски го објави списокот со 26 повикани фудбалери за натпреварите со Шкотска во Глазгов, на 13 ноември, и со Словенија во Скопје три дена подоцна, во петтото и шестото коло во Лигата на нациите, во лигата Б. По четири кола во групата 1 на лигата Б води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Швајцарија ги обезбеди првото место и пласманот во лигата А за идната сезона. Второто место носи плејоф за пласман во лигата А (меч со репрезентација од третото или од четвртото место во групите во лига А), третата позиција носи опстанок во лигата Б, а четвртото место плејоф за опстанок во лигата Б (дуел со една второпласирана селекција од групите во лигата Ц).
Состав: голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар); одбрана: Никола Серафимов (Левски, Бугарија), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Имран Фетаи (Динамо Букурешт, Романија); среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија); напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Марко Ѓорѓиевски (Шкендија), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум), објави ФФМ. Н.М.