Фото: ЕПА

КОШАРКА

  • Во минатата сезона, Купот беше најава на финалето на НБА, откако Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на Купот, а потоа Никс го победи Спарс и во серијата за титулата, пишува АП. Мечот за трофејот е на 11 декември на „Хинкл Филдхаус“ на кампусот на Универзитетот „Батлер“ во Индијанаполис

Кошаркарскиот НБА-куп со 10 меча рано утринава го почна четвртото издание, кое вклучува неколку необични дизајни на терените и им дава можност на сите 30 тима да се тркаат за трофеј. Исто така, нуди и исплата, секој играч во тимот што ќе го освои трофејот во НБА-купот ќе освои 604.985 долари, по 241.994 долари ќе им припаднат на второпласираните, по 120.997 долари на играчите на клубовите што ќе загубат во полуфиналето и по 60.499 долари на оние чии тимови ќе изгубат во четврт-финалето, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Тимовите се поделени во шест групи, тимовите играат по еден меч против секој од ривалите во групата. Победниците на групите одат во четврт-финалето, како и по еден тим со вајлд-карта од секоја конференција. Натпреварот за трофејот е на 11 декември на „Хинкл Филдхаус“ на кампусот на Универзитетот „Батлер“ во Индијанаполис. Секој натпревар од НБА-купот, освен финалето, се смета во пласманот во регуларната сезона. Финалето е самостоен настан, без влијание врз пласманот или статистиката на лигата.
Во минатата сезона, Купот беше најава на финалето на НБА, откако Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на Купот, а потоа Никс го победи Спарс и во серијата за титулата, пишува АП. Лос Анџелес лејкерс го освои првиот турнир, Милвоки победи во 2024 година, а Њујорк лани.
Мечевите ќе се играат на специјално обоените терени што ќе се користат само во Купот. Тие се дизајнирани да се издвојат во споредба со „редовните“ дизајни што ги користат тимовите за повеќето други мечеви, пишува АП. Н.М.