НАРОДНИ ТРАДИЦИИ

Сезона е на настинки и вируси што можеби веќе се шират во вашата околина, па затоа не пречи повторно да ги прашаме научниците како да се заштитиме од нив и дали земањето додатоци во исхраната, носењето топла облека, правењето гаргара со солена вода и слично помагаат во заштитата од потенцијален развој на болеста. Некои народни традиции сѐ уште се покажуваат како точни, но некои се само суеверие. Дали е вистина или мит дека треба да се заштитиме од студот затоа што во спротивно ќе настинеме?
Делумно да. Сепак, чувството на студ не значи автоматски дека ќе се разболите бидејќи за тоа се потребни и вируси.
– Но вистината е дека одбранбените механизми на телото донекаде ослабуваат ако почувствувате студ – вели Ева Хамерс, директорка на Институтот за општа медицина при Универзитетската болница во Гетинген и претседателка на Германското друштво за општа и семејна медицина.
Луѓето исто така велат дека не треба да излегувате на студ со влажна коса, што исто така има смисла.
– Вистина е дека главата брзо губи многу топлина. Но истото правило важи и во овој случај: нема вирус – нема ниту настинка. Од друга страна, дури и премногу топлата облека нема да спречи настинка – додава Хамерс.