Фото: ОК Газели Волеј

Младите одбојкарки на Газели Волеј со две максимални победи ја започнаа одбраната на титулата во првенството за одбојкарки под 19 години. Во првите два официјални натпревари за младинките на Газели во сезоната 2026/2027, тие ги совладаа своите врснички од Работнички Скопје, односно Пелистер Волеј со идентичен резултат 2:0. На првиот овосезонски турнир во групата А, што се одржа во салата на СЦ Форца, младите Газели потврдија дека подготвени влегуваат во новата сезона и дека повторно ќе бидат најсериозен кандидат за титулата во нивната конкуренција.

Со овие победи тие воедно, на најубав начин го најавија и премиерниот настап на нивните повозрасни колешки. Имено, сениорската екипа на Газели Волеј викендов што следува ја започнува новата сезона во Првата лига, каде на домашен терен го пречекува Работнички.