Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА

САД ја одбранија титулата и ја продолжија серијата без пораз

Репрезентацијата на САД ја одбрани светската титула со победата на дуелот со Франција со 97-79 во финалето на Светското првенство (СП) за кошаркарки. Во реприза на финалниот натпревар одигран на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2024 година, Американките повторно славеа и со тоа ја освоија својата петта последователна светска кошаркарска титула и ја продолжија својата импресивна серија без пораз на летни олимписки игри или на светски првенства, на 20 години, пишува агенцијата „Ројтерс“. Во натпреварот за бронзениот медал на СП 2026, селекцијата на Шпанија го победи домаќинот на годинашниот планетарен шампионат, репрезентацијата на Германија, со 81-58. Н.М.


ФУДБАЛ

Кејн е на еден голдо нов рекорд

Хари Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн, помагајќи му на германскиот фудбалски шампион да го победи новиот тим во Бундеслигата, Елверсберг, со 2-1. Тоа беше 99. гол на Кејн во германското првенство во неговиот 97. настап и негов прв сезонава, пишува „Би-би-си“. Кејн досега постигна 150 погодока во 153 натпревари во сите натпреварувања за Баерн откако пристигна од Тотенхем во 2023 година.
Од почетокот на сезоната 2023/2024, Кејн постигна 10 гола повеќе од кој било друг фудбалер во петте најдобри европски домашни првенства, пишува „Би-би-си“. Тој достигна 50 погодока во Бундеслигата во 43 настапи, што е рекорд на сите времиња, а е на добар пат да биде и најбрзиот со 100 гола, откако актуелниот рекорд го држи Дитер Милер, кој 100. гол го постигна на 129. натпревар. Н.М.


ФУДБАЛ

Недела на Лига Европа

Откако минатата недела беше резервирана само за натпреварите од првото коло во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), неделава на програмата се само мечевите од воведната рунда во новата сезона на Лига Европа (ЛЕ). Утре и задутре се дуелите од првото коло (средбите почнуваат во 18.45 часот и во 21 часот) во 56. сезона на Лига Европа, во која ќе настапат екипи од вкупно 22 земји.
Третото клупско континентално натпреварување на Европската фудбалска унија (УЕФА), Конференциската лига (КЛ), во која ќе играат тимови од 30 земји, а првпат ќе има клуб од Андора, своите први мечеви ќе ги има на 15 октомври. Н.М.