Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ на Марко Џамбазоски е награден на романскиот фестивал „12 месеци филмски фестивал“, кој се одржува во Клуж-Напока. Освои награда од публиката и награда за продуцент на месецот. Тој досега беше прикажан на повеќе филмски фестивали низ светот меѓу кои се и: „Пула филм фестивал“ (Хрватска), „Синедејс“ (Македонија), „Слам филм фестивал“ (Кенија), „Омладински“ (Босна и Херцеговина), „Рана птица“ (Бугарија), „Ин шорт филм фестивал“ (Нигерија), РИФАК (Тунис), „Ист Англиан филм фестивал (Англија), „Лифт-офф“ (Англија), „Комеди клуј“ (Романија), „Диорама“ (Индија), „Линеа д’омбра“ (Италија), „Балканс бијон бордер“ (Србија) и други.
„Црни и криви“ е македонска комедија во режија на Марко Џамбазоски, кој е наедно и автор на сценариото и монтажер на филмот. Извршен продуцент е Бошко Мангаровски, Марко Димитриевски е директор на фотографија, а главните улоги ги толкуваат: Горан Ников, Тони Денковски, Чедомир Митевски, Ердоан Максут, Мирјана Трпковска.
Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.