Фото: Официјален фејсбук-профил

Американскиот државен секретар Марко Рубио го предупреди Иран дека САД ќе продолжат да ги таргетираат иранските нафтени танкери како одговор на обидите за напади врз американски воени бродови, објави „Франс Прес“.

– Иран продолжува да се обидува да ги нападне нашите бродови и секојпат кога тоа ќе се случи, тие ќе губат танкери – изјави Рубио за време на посетата на Колумбија.

Централната команда на САД (Центком) соопшти дека американската армија уништила пет ирански танкери од „флотата во сенка“ откако Исламската Република двапати гаѓала американски воен брод со балистички ракети. Според Центком, таргетираниот брод успешно ги избегнал нападите и продолжил со патролирање во регионалните води, без повредени меѓу американскиот персонал.