Фото: Маја Јаневска Илиева

Православната Црква на 15 август, по стариот календар, или на 28 август, по новиот календар, го празнува Успението на Пресвета Богородица, празнично се сеќава на нејзината земна смрт, односно нејзиното блажено „заспивање“ – „успение“, а истовремено и на нејзиното воскресение, т.е. станување од мртвите, и пренесување на небото.

Во Скопје, верниците кои останаа тука за празникот, традиционално ги посетија црквите каде се запалија свеќи за здравје.