Исклучително уметничко доживување на кавадаречката културна јавност понуди заедничката изложба на уметниците Игор Јосифов и Марина Убавкова која во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“ беше отворена деновиве во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Насловот на изложбата е „Париз градот на светлината – вечна инспирација“ а е резултат на нивниот заеднички престој во Интернационалната куќа на уметноста во Париз каде имаа можност преку сопствениот уметнички јазик да ја прточат својата инспирација во нови дела.
На изложбата имавме можност премиерно да ги видиме најновите цртежи на Марина Убавкова од циклусот „Чекори низ времето:Ритамот во себе“, и најновото дело на Игор Јосифов како резултат на мултимедијалниот перформанс со наслов „Тело од оган“ на „Скоско лето“ како и неговите кристални скулптури од леано олово,стакло и фотографии што го документираат процесот и видео инсталација.
Игор Јосифов е визуелен и перформанс уметник со меѓународна кариера кој изминативе 25 години исклучиво работи со оган. Прд своите кавадарчани ова негово претставување се случува по цели 11 години .Самиот признава дека пред патувањето во Џингдежен оваа враќање пред домашната публика му беше неопходно затоа што секое дело што го создава е меѓусебно поврзано. Перформансот изведен во Сули ан за него означува клучен праг на која јавно го артикулира значењето на огнот: прочистување, симболична трансформација и колективно сведоштво. Огнот за него е јазик на ритуалот а со последниот перформанс тој и оддаде почит на својата заедниза пред да го продолжи своето подлабоко истражување во Кина.
Во 2025 година бев на резиденција во Меѓународната куќа на уметноста во Париз каде имав чест да бидам поканет од Македонската амбасада во Париз и каде што изложив дела и кристални скулптури кои ја опфаќаат мојата 25-годишна практика . При создавањето на оите скулптури од стакло и кристал користам оловен кристал од Нов Зеланд што го топам, како и рециклирано стакло. Морам да признаам дека многу научив низ соработката со Дејвид Рут во Калифорнија, каде што создавав кристални скулптури и ја совладав оваа ретка техника на лиење стакло. Веднаш по изложбата заминувам во Уметничкиот центар „Таосичуан“ во Џингдежен во Кина каде ќе престојувам до ноември и каде се надевам дека ќе имам можност да се фокусирам на скулптури од стакло интегрирани во керамика, лиено стакло, дување стакло, порцелан и керамика- изјави за Нова Македонија , Игор Јосифов.
Негови најзначајните изложби и перформанси се; во галеријата МОМА во Њујорк 2020, Венециското биенале 2019, Уметничкиот институт во Чикаго 2009, Културниот центар Оназис во Атина , Куќата на модата во Париз, Националниот музеј за современа уметност во Скопје, Биеналето во Ташкенд 2018 и Музејот на уметноста Јелоустоун Монтан во 2014 гдина.Најзначајно ликовно остварување изминативе дв години му е сликањето на муралниот портрет на Амадеус Џанини легендарниот италијанско-американски банкар и основач на денешната „Банка на Америка“ во холот на „Банката на Амадор“ во Сан Франциско.
Марина Убавкова е визуелна уметница и архитект. Нејзиното двојно образование во областа на архитектурата и уметноста претставува основа за интердисциплинарен творечки пристап, во кој се преплетуваат просторот, формата, човековата фигура и истражувањето на внатрешните психолошки и визуелни состојби. Досега има реализирано шест самостојни изложби и учествувано на триесетина групни изложби. Студиски престои има реализирано во Мајами САД и минатата година во Париз. Изложените цртежи создадени во Париз како продолежение на циклусот „Чекори низ времето: Ритамот во себе“ за познавачите на нејзината уметност претставува ново откривање на нејзиното творештво и потенцијал. Таа вели дека е инспирирана од културното наследство, архитектурата и неповторливата уметничка атмосфера на градот Париз.
За мене балетот е врвна уметност на рамнотежата- помеѓу силата и нежноста, помеѓу болката и возвишеноста. Го доживувам како еден од најсложените уметнички јазици на движењето, во кој зад секој грациозен чекор си кријат огромна дисциплина, жртва и непоколеблива посветеност. Во оваа изложба стапалата на балерината се самиот темел на танцот кои ги доживувам како компаси што ја бараат насоката на сопствената судбина. Компасот е ориентацијата на непрестаната потрага- вечната човекова желба да се пронајде сопствениот ритам и животен пат. Часовникот вткаен во самото тело, вграден во петиците и свилените сатенски ленти-потсетува дека времето истовремено е сојузник и предизвик. Тој ја мери издржливоста, ги брои сите проби,секоја тивка солза и секој миг на триумф на сцената во кој болката се преобразува во убавина. Затоа вистинското време на часовникот не се мери со стрелките, туку со внатрешниот импулс и мигот коаг срцето и движењето стануваат едно- вели за Нова Македонија уметницата Марина Убавкова.
Мирјана Мукаетова









































