Фото: АФМ

ЕП ВО АТЛЕТИКА

  • Кај мажите победи Германецот Петрос, а кај жените Али­са Ва­и­нио од Финска

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 46-то место во маратонската трка на Европското првенство (ЕП) во Бирмингем, Велика Британија. Во мошне силна конкуренција на 59 натпреварувачи, Ивановски постигна време од 2:22,39 часа, што е повеќе од 14 минути послабо од неговиот личен рекорд. Прв низ целта мина Германецот Анамал Петрос (2:09,11), со што постави нов рекорд на оваа градска патека. Втор за седум стотинки послабо време имаше Италијанецот Пјетро Рива, а трет беше Израелецот Гаша Ајал, со десет стотинки заостанување.
Во женска конкуренција убедливо победи Али­са Ва­и­нио од Финска (2:22,26), што исто така претставува нов европски рекорд. Втора заврши Унгарката Лили Ана Виндич-Тот (2:27,26), а трета Британката Аби Донели (2:27,33). Настапија вкупно 52 маратонки, а трката ја завршија 48. Г.И.