Фото: Принтскрин

Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на самата прес-конференција испи чаша вода од скопскиот водовод за да им докаже на граѓаните дека водата од чешмите во Скопје е безбедна за пиење.

Посочи дека надлежните служби постојано вршат анализи кои покажуваат дека водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.


АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира информациите во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија ешерихија коли.

-Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското Јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба – наведува АХВ.

Агенцијата апелира, граѓаните да не стравуваат зашто водата во градскиот водовод е безбедна за пиење и употреба.

-Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба – велат од АХВ.