Фото: „Нова Македонија“ / Архива

По периодот на високи температури, во следните два дена се очекува промена на времето. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, локално временските процеси ќе имаат интензивен карактер и ќе бидат проследени со силен ветер, а постојат и услови за појава на град.

Со продорот на нестабилниот воздух, температурите ќе опаднат за неколку степени.

Во Скопје утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а температурата постепено ќе се намалува.

Од УХМР предупредуваат дека во одредени делови од земјата нестабилноста може да биде поизразена, со краткотрајни, но интензивни врнежи, грмежи и силен ветер.