Фото: Принтскрин

Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори со европските земји, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА.

Тој посочи дека веќе се склучени договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека преговори се водат со Австрија, Германија и Унгарија. Целта е обезбедување долгорочни работни визи за македонските превозници.

Според Николоски, овие земји се приоритет бидејќи македонските превозници таму најчесто извезуваат и транзитираат.

Тој информираше и дека со Европската комисија е договорено возачите да бидат признаени како професионалци.

Николоски оцени дека секоја држава од Западен Балкан треба самостојно да го решава проблемот, а не преку заеднички регионален пристап.

Тој очекува Европската комисија наскоро да понуди соодветно решение и упати апел до превозниците да не подлегнуваат на, како што рече, странски пропаганди, бидејќи Владата активно работи на билатерални договори.