ФУДБАЛ – ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
Европската фудбалска унија (УЕФА) смени неколку правила за новата сезона во европските купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Така, меѓу другото, со почетокот на лигашката фаза сезонава еден фудбалер ќе паузира еден натпревар по четири добиени жолти картони, еден повеќе отколку досега, а потоа ќе има суспензија на по еден меч и по секој следен парен жолт картон (шестиот, осмиот…, претходно по петтиот, седмиот…).
Пред две сезони беше изменет системот на натпреварување во трите европски клупски натпреварувања, кога беа укинати групите, па сега пред нокаут-натпреварите има по два меча повеќе во лигашките фази во Лигата на шампионите и во Лига Европа. Жолтите картони се бришат по четврт-финалето и не се пренесуваат во полуфиналето на сите три европски клупски натпреварувања. Н.М.































