Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Од полноќ бензините ќе се продаваат по пониски цени, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), пренесе МИА.

Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар.

Од друга страна, дизелот поскапува за еден денар и од полноќ ќе се продава по 99,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе биде поскапо за половина денар и ќе чини 98,5 денари за литар.

РКЕ информира дека цената на мазутот се намалува за 1,680 денари за килограм.

Во одлуката е применет намалениот износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините и 4 денари за литар кај дизелот, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.