Фото: Пиксабеј

Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата со која ќе се ограничеше можноста претседателот Доналд Трамп да продолжи со воени операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот.

Со 49 гласа „за“ и 47 „против“, сенаторите изгласаа да не се продолжи со разгледување на предлогот, што практично значи дека иницијативата не доби поддршка, пренесе „Ројтерс“.

Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со 214 гласа „за“ и 208 „против“, со барање претседателот да не може еднострано да ги продолжува воените операции против Иран без согласност од Конгресот.

Американските медиуми оценуваат дека гласањето ја отсликува растечката загриженост во Конгресот поради можноста за натамошна ескалација на конфликтот со Иран, при што резерви изразуваат и дел од републиканските законодавци.