ШАХ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЕТЕРАНИ

  • Прворангираниот пред првенството, Станојоски, води со 3,5 поени

Поранешниот македонски репрезентативец, член на ШК Алкалоид, велемајсторот (ВМ) Звонко Станојоски, со двете победи во третото и во четвртото коло изби сам на врвот на првото официјално првенство на Македонија за ветерани, во организација на ШКВ Скопје 72, во „Негорски Бањи“ во Гевгелија. Станојоски (2.366 рејтинг-поени, рангиран прв пред почетокот на првенството) во 3. коло славеше на дуелот со ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Димитар Качаковски, откако противникот во подобра позиција некоректно жртвуваше фигура за пион, што „белиот“ умееше да го искористи, а додека во 4. коло го надигра Тодор Андонов, откако остана со квалитет повеќе на таблата.
На три кола пред крајот на турнирот зад Станојоски, кој има 3,5 поени, со по три поени се Александар Кралевски и Јанчо Ѓорѓевски, а Тодор Андонов, Миле Трајковски, Качаковски, Саравчо Петров и Илија Стошевски имаат по 2,5 поенa. Резултати 3. коло: ВМ Станојоски (2.366) – ФМ Качаковски (1.987) 1-0, Петров (2.097) – ФМ Хаџи-Манев (1.965) реми, Андонов (2.054) – Стошевски (2.056) 1-0, Трајковски (1.881) – ФМ Кралевски (2.029) реми, Томов (1.636) – Ѓорѓевски (1.789) реми, Јаневски (1.823) – Ахчиев (1.688) 1-0, Јованџиков – Брзовски (1.709) 0-1, Ќосев – Топалов (1.633) реми, Наунов (2.137) слободен. Четврто коло: Андонов (2.054) – ВМ Станојоски (2.366) 0-1, Трајковски (1.881) – Петров (2.097) реми, ФМ Кралевски (2.029) – Јаневски (1.823) 1-0, ФМ Хаџи-Манев (1.965) – Ѓорѓевски (1.789) 0-1, Стошевски (2.056) – Томов (1.636) 1-0, Брзовски (1.709) – ФМ Качаковски (1.987) 0-1, Наунов (2.137) – Ахчиев (1.688) 1-0, Топалов (1.633) – Јованџиков реми, Ќосев слободен. Г.И.