Фото: Маја Јаневска Илиева

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека  Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Тие преку соопштение истакнаа дека се разочарани од Кривичниот суд кој го осуди Јакимовски затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години.

– Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош – велат од ГРОМ.