Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.
Од Министерството повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.




































