Салатите, свежото овошје и крцкавите стапчиња од морков се некои од намирниците што се совршено безбедни за јадење сурови, под услов правилно и добро да се чуваат. Сепак, некои намирници претставуваат значителен ризик за здравјето доколку се консумираат пред да бидат доволно зготвени или загреани. Доналд В. Шафнер, професор и експерт за науката за храна на Универзитетот „Рутгерс“, нагласува дека безбедноста на суровата храна е прашање на процена на ризикот. Тој забележува дека одредена сурова храна претставува докажан ризик за здравјето на луѓето поради присуството на патогени или токсини што се уништуваат или се деактивираат за време на готвењето. Некои намирници треба да бидат термички обработени или пастеризирани пред консумирањето за да се избегне ризикот од болести и труење.
Такво е тестото за колачиња. Порано беше вообичаено децата да ги лижат садот и лажицата по приготвувањето на колачот, но денес е познато дека несварените состојки во тестото може да содржат патогени.
Исто така и пресното млеко носи добропознати ризици бидејќи е непастеризирано, а пастеризацијата е единствениот докажан начин да се отстранат патогените како што се ешерихија коли, листерија и салмонела. Консумирањето непастеризирано млеко е особено ризично за децата, постарите лица, трудниците и за лицата со ослабен имунитет. Пастеризираното или ултрапастеризираното млеко, кое е загреано на доволно висока температура за да се уништат штетните патогени, не претставува ист ризик како и пресното млеко.