Шест селекции секој нов меч го играа со репрезентација од друг континент
Фудбалските репрезентации на Мексико, Швајцарија, Бразил, Шпанија, Португалија и на Австралија на годинашното Светско првенство (СП) во САД, Мексико и во Канада досега одиграа натпревари со селекции од четири континента, по дуелите од групната фаза и од првата нокаут-рунда (1/16-финалето). Од нив, натпревари со селекција од сопствениот континент не одиграа Мексико, Бразил и Австралија.
Мексико досега на СП 2026 се сретна со репрезентации од Африка, Азија, Европа и од Јужна Америка, Швајцарија, Шпанија и Португалија играа со селекции од Северна Америка, Европа, Азија и од Африка, Бразил имаше дуели со репрезентации од Африка, Европа, Северна Америка и од Азија, а Австралија одигра натпревари со репрезентации од Јужна Америка, Северна Америка, Европа и од Африка.
Со средбите во осминафиналето на оваа листа ќе се приклучат и Белгија, Франција и Норвешка, а можеби и други селекции, во зависност од резултатите на трите преостанати меча од шеснаесеттина финалето.
Другите осминафиналисти, пласирани по натпреварите одиграни до вчера рано наутро, досега на СП 2026 одиграа натпревари со селекции од по три континента. Н.М.

СП 2026 1/16-ФИНАЛЕ

1. Германија – Парагвај 1-1 (3-4 п.)
2. Франција – Шведска 3-0
3. Јужна Африка – Канада 0-1
4. Холандија – Мароко 1-1 (2-3 п.)
5. Бразил – Јапонија 2-1
6. БСК – Норвешка 1-2
7. Мексико – Еквадор 2-0
8. Белгија – Сенегал 3-2
9. Англија – ДР Конго 2-1
10. САД – БиХ 2-0
11. Шпанија – Австрија 3-0
12. Португалија – Хрватска 2-1
13. Швајцарија – Алжир 2-0
14. Австралија – Египет синоќа
15. Аргентина – Зелено`ртски О. 0 ч.
16. Колумбија – Гана 3.30 ч.

ОСМИНАФИНАЛЕ

А. Канада – Мароко 19 ч.
Б. Парагвај – Франција 23 ч.
В. Бразил – Норвешка утре, 22 ч.
Г. Мексико – Англија понед., 2 ч.
Д. Португалија – Шпанија понед., 21 ч.
Ѓ. САД – Белгија вторник, 2 ч.
Е. Победник 15 – Победник 14 вторник, 18 ч.
Ж. Швајцарија – Победник 16 вторник, 22 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

1. Победник Б – Победник А 9 јули, 22 ч.
2. Победник Д – Победник Ѓ 10 јули, 21 ч.
3. Победник В – Победник Г 11 јули, 23 ч.
4. Победник Е – Победник Ж 12 јули, 3 ч.