Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата привеле осум лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, во одделни полициски акции спроведени вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли и прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, како и грутчеста и прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во Тетово, вчера околу 23.40 часот на улицата „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б. (19) од Тетово. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а по расчистувањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Битола, пак, вчера во 01.00 часот на улицата „Партизанска“, во близина на спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Т. од Битола, кај кого при извршен преглед била пронајдена марихуана.
По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.


































