Пилот-проектот ги поврза универзитетот, училиштата и локалната заедница со цел темите за одржливост, обновлива енергија и биодиверзитет да се доближат до младите генерации.
Резултатите од Akuo EduLab, пилот-проект во кој беа вклучени повеќе од 400 ученици, десетици студенти и наставници, беа претставени на завршен настан одржан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Проектот беше реализиран од Akuo, во партнерство со Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија.

Настан посветен на поврзување на училиштата, студентите и институциите
Завршниот настан ги обедини претставниците на образовните институции, локалната самоуправа, граѓанските организации, училиштата, студентите и приватниот сектор во дискусија за тоа како темите поврзани со одржливоста можат да станат посилен дел од образовната практика. Преку презентации, споделување искуства и модерирана тркалезна маса, учесниците се осврнаа на резултатите од проектот и разговараа за можностите за понатамошен развој на образованието за одржливост.
Првата работна сесија, насловена „Од визија до практика – образование за одржливост преку Akuo EduLab“, беше посветена на методологијата, реализацијата и резултатите од проектот. Претставници на Еко Логик, Факултетот за образовни науки, како и студенти и наставници вклучени во проектот, ги споделија своите искуства и презентираа примери за тоа како темите поврзани со одржливоста биле интегрирани во образовни активности што ги поврзуваат училиштата, студентите и локалната заедница.
Во рамки на втората сесија, тркалезната маса на тема „Одржливоста во училницата: Како идните наставници можат да ги инспирираат новите генерации?“, претставници на Akuo, Еко Логик, Универзитетот „Гоце Делчев“, Општина Штип и други релевантни чинители разменија искуства и ставови за тоа како образованието за одржливост може да премине од теоретски концепт во практична примена во училниците. Воедно, беа разгледани можностите за понатамошен развој и примена на слични образовни модели и во други делови од земјата.
Погледите на партнерите
Осврнувајќи се на значењето на проектот, Александра Сомбстај, извршен потпретседател за надворешни односи во Акуо истакна дека зелената транзиција не се однесува само на изградба на инфраструктура
– Зелената транзиција не се однесува само на изградба на инфраструктура, туку и на создавање информирани и ангажирани генерации. Преку Akuo EduLab придонесовме за поврзување на образованието, локалните заедници и темите како што се обновливата енергија, биодиверзитетот и одржливиот развој, истовремено обезбедувајќи им на наставниците и студентите практични алатки со кои ќе можат да ги инспирираат најмладите- рече тој.
Од академски аспект, проф. д-р Трајче Стојанов, декан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, изјави дека проектот претставува конкретна можност за студентите, стекнатите академски знаења да ги применат во реална образовна средина
– За нашите студенти, проектот претставуваше конкретна можност стекнатите академски знаења да ги применат во реална образовна средина. Воедно, тој ја потврди важноста на соработката меѓу универзитетите, училиштата и останатите чинители во создавањето образование што одговара на предизвиците на современото време –
Никола Нешкоски, директор на здружението на граѓани за заштита на животната средина Еко Логик, нагласи дека EduLab покажал како може да се постигнат суштински подобрувања во образованието за животна средина и одржливост кога во процесот на учење истовремено се вклучени учениците, наставниците и идните наставници.
– Со поддршка од Akuo, Еко Логик разви пет едукативни модули за животна средина, одржливост и обновлива енергија, засновани на практично учење. Со поврзување на студентите, наставниците од основните училишта и учениците во Штип, проектот успешно ги спои теоријата и практиката, обезбедувајќи им на наставниците и студентите корисни методи и алатки за работа. Веруваме дека овој модел може да се примени и во други образовни средини, со цел младите генерации да размислуваат критички, да дејствуваат одговорно и да придонесуваат кон поодржлива иднина – рече тој.
Модел за идни иницијативи
Во текот на дискусиите, учесниците ја истакнаа важноста на соработката меѓу образовните институции, локалните заедници, граѓанските организации и приватниот сектор во промовирањето на образованието за одржливост. Тие разменија искуства и добри практики, при што посебно внимание беше посветено на можностите за проширување на ваквите иницијативи и приближување на темите поврзани со одржливоста до училиштата и образовните институции низ целата земја.
За Akuo
Akuo е глобална компанија во областа на обновливите извори на енергија, со активности во секторите на ветерната и сончевата енергија, како и системите за складирање енергија. Компанијата е присутна долж целиот синџир на вредност – од развој на проекти, преку нивно финансирање и изградба, до управување и експлоатација. Заклучно со март 2026 година, Akuo располага со инсталиран и капацитет во изградба од 2,1 GW, како и капацитет за складирање енергија поголем од 310 MW / 660 MWh. Со повеќе од 400 вработени и седиште во Париз, компанијата развива проекти во повеќе од десет земји ширум светот.



































