Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава. Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека локално се очекува невреме со пообилен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Според прогнозата, на одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со над 20 литри дожд на метар квадратен и ветер што може да достигне брзина над 70 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 17 и 23 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 21 степен.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но и понатаму локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и ветер.

За утре метеоролозите најавуваат поинтензивно невреме со обилни врнежи, силен ветер и можност за град, додека во недела се очекува умерен до засилен ветер од северен правец.