Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави дека Иран не создава пречки за пловидба низ Ормускиот Теснец и ги обвини Соединетите Американски Држави дека тие ја предизвикуваат блокадата во регионот.
Во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, Арагчи рече дека Ормускиот Теснец е отворена за сите комерцијални бродови, но дека тие мора да соработуваат со иранските поморски сили, пренесе иранската агенција Мехр.
– Ормуската Теснина е отворена за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили – изјави Арагчи, пренесе Мехр.
Тој оцени дека регионот во моментов најмногу страда поради, како што рече, „американската агресија“ и блокадата што, според него, ја наметнале САД.
– Ние не создадовме никакви пречки. Америка е таа што ја создаде блокадата – изјави иранскиот министер за надворешни работи.
Арагчи изрази надеж дека ситуацијата ќе се реши со укинување на, како што ја нарече, „нелегалната блокада“ наметната од САД.
































