Фото: Пиксабеј

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство.

Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол, пренесе МИА.

Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, осомничениот се идентификува со иницијали Т.Б., 25-годишен жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане)