Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 19 и 24 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината се очекува краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 23 степени.

Во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе се создава нестабилна облачност со поројни врнежи и грмежи. Според прогнозите, во сабота се очекуваат поинтензивни временски процеси, со можност за невреме, пообилен дожд и засилен ветер.