Фото: Влада

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија за МИА од Министерство за внатрешни работи.

Според МВР, Николовски бил повикан по наредба на Основно јавно обвинителство во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција.

 – Во тек се активности, по што соодветно ќе ја информираме јавноста –  соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Николовски денеска реагираше преку објава на социјалните мрежи, тврдејќи дека случајот не се однесува на прекршување на Законот за јавни набавки ниту, пак, на пријава од земјоделци.

Тој оцени дека станува збор за „монтиран случај“, чија цел, според него, е да се оттргне вниманието од, како што наведе, „вистинските прашања“.

 – Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси – напиша Николовски на „Фејсбук“, заблагодарувајќи им се на земјоделците, винарите и производителите за поддршката.