Оваа година „Литература.мк“ одбележува 10 години посветени на книгите, читателите и културните навики што растат заедно со нас. Во изминатата деценија брендот се позиционираше како едно од клучните места за книги, подароци и училишна програма, создавајќи препознатлив културен простор, каде што читањето станува навика, а изборот на подарок добива друга димензија. По повод јубилејот, до 24 мај се реализира продажната акција „10 години Литература.мк. Културата има адреса“, со специјални попусти на книги и производи. Акцијата вклучува производи од дневно избрани брендови на 30 отсто попуст, овозможувајќи разновидна понуда на подароци и популарни артикли.































