Фото: Маја Јаневска-Илиева

Денес времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови. Кон крајот на денот се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд претпладне, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено во делови од котлината. Минималната температура ќе биде околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Според прогнозата, во понеделник наутро времето ќе биде ведро и постудено, со температури кои на места ќе паднат под нулата. Во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од вторник следува потопло и променливо облачно време со сончеви периоди и умерен јужен ветер, а кон крајот на неделата повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.